Тинекс e водечки малопродажен ланец на супермаркети во нашата земја, кој повеќе од 30 години настојува на своите потрошувачи, со својата разгранета мрежа, да им ги понуди најдобрите производи и услуги со врвен квалитет и одлични цени. На полиците секојдневно може да се најде широк асортиман на повеќе од 20.000 производи од различни категории, меѓу кои се вбројуваат производите од сопствениот бренд EXTRA, како и странски увозни брендови на производи и деликатеси, достапни единствено во Тинекс маркетите. Со цел на купувачите на едно место да им се понуди комплетна услуга и целосно да бидат задоволени нивните потреби. Тинекс секогаш е насочен кон примена на најновите технологии и принципи на управување, кои се насочени кон усовршување на потрошувачкото искуство и максимизација на задоволството од пазарењето. Денес, семејството на Тинекс вклучува над 40 супермаркети во 11 градови низ Македонија,сопствен логистичко - дистрибутивен центар, погони за производство на готови јадења и обработки на месо . Останатиот, и најзначаен дел од семејството на Тинекс го сочинуваат над 600 вработени, над 100.000 потрошувачи и 2000 соработници, без кои секоја цел би била залудна и неостварлива.
Гурман™ е веб портал кој е посветен исклучиво на вкусната храна и квалитетни пијалаци. Две работи во кои уживаме секој ден и без кои не може да се замисли животот. Гурман™ е единствен портал кај нас посветен на оваа тема. Зборуваме за уметноста во кујната, за љубовта кон храната на еден повисок степен на доживување, за здрава исхрана, за здрав и модерен живот. Ги поттикнуваме фантазијата и креативноста кај луѓето, за тие да го најдат најлесниот пат до уживање во храната и готвењето.